Поглед:
151
Во одговор на новинарско прашање на прес конференција, премиерот Ковачевски призна дека имаат комуникација со неговиот претходник од ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и рече дека треба да се постави прашање кој во опозициската ВМРО-ДПМНЕ каков став има за внесот на бугари во Устав.
Според Ковечавски, еден став има сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а друг став има поранешниот претседател на оваа партија, неговиот миленик Никола Груевски.
“Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг став има бившиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ.
Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање денеска во Владата.