Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, денес ги поздрави академскиот кадар и студентите по повод започнувањето на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет.
“Нема подобра инвестиција за една земја од отворањето на центар на знаење, бидејќи овде се разјаснува погледот од хоризонтот на сигурните животни перспективи за напредок. Нашата земја постигна забележителен напредок во градењето квалитетни високообразовни капацитети, постигнавме одлична соработка со инвеститори кои со отворањето на универзитетите придонесуваат за развојот на државата”, истакна Груби.
Во продолжение целосниот говор:
Ми претставува oгромно задоволство што денеска сум меѓу Вас за да Ви посакам убав почеток на новата академска година, добра работа на академскиот кадар и многу успех на студентите во најважната животна мисија, онаа на знаењето.
Меѓународниот балкански универзитет е веќе докажан центар во однос на квалитетот на студиските програми и подготовката на кадри кои ќе и служат на развојот на земјата.
Нема подобра инвестиција за една земја од отворањето на центар на знаење, бидејќи овде се разјаснува погледот од хоризонтот на сигурните животни перспективи за напредокот.
Нашата земја постигна забележителен напредок во градењето квалитетни високообразовни капацитети, постигнавме одлична соработка со инвеститори кои со отворањето на универзитетите придонесуваат за развојот на државата.
Посакувам прогресивен континуитет во неопходното подобрување на квалитетот на образованието, процес кој бара посветеност на сите нас.
Досегашните успеси на нашиот пат на развој и интеграција несомнено потекнуваат од тука.
Друг, исклучително важен факт што го промовираат нашите универзитети е вредноста на еднаквоста и еднаквиот третман на сите студенти без разлика на етничката припадност. Само врз основа на објективна проценка и меритократија ќе бидеме успешни во секој следен предизвик.
Драги студенти, од денес повторно го продолжувате своето патување кон знаењето, кога ќе ја отворите вратата на вашиот универзитет и ќе влезете, прво размислете за главната цел да станете корисни за вашата земја, вашите семејства и вашите пријатели.
Нема друг пат до напредок освен патот на знаењето. Негувајте го секој ден од вашиот живот поминат во ова гнездо на знаење. Никогаш нема да ја пропуштите нашата поддршка!