„Јас доаѓам во студиото на ТВ21 од една важна и сериозна средба со релевантни луѓе“, вака го започна одговорот првиот вицепремиерт Артан Груби на прашањето за уставните измени кои треба да се направат по завршувањето на скирининг процесот во Македонија.
„Имаме информации дека може да имаме повеќе од 80 пратеници за уставните измени. Во процесот помагаат луѓе кои ја сакаат државата“, изјави Груби вечерва во интервју за ТВ21.
Тој сподели и други ексклузивни информации.
„Како ДУИ бараме сеопфатна дебата, бараме конечно по 20 години сериозно да се анлизираат сите недостатоци во Уставот, бараме да се отвори Уставот и да се разговара за сите недостатоци, не само за бугарските прашања, туку за за многу други предлоги, еве на пример може да се размисли и а внесување во уставот претседателот на државата да се гласа во Собрание, наместо да се гласа на избори“, изјави Артан Груби за ТВ21.