За нас е врвен приоритет да се сочува безбедноста стабилноста на граѓаните од една страна, и второ да имаме навистина достоинствено одбележување на еден великан како што доликува на Гоце Делчев напиша Спасовски.
МВР ги презема сите потребни активности кои се однесуваат во насока на обезбедување мир и стабилност во државата, како и за конкретно посочениот настан – тогаш и таму каде што ќе се процени дека треба да има поголемо присуство на полицијата, тоа ќе го има и за тоа упатувам порака на смиреност до сите граѓани.
Тука се институциите на системот коишто функционираат и кои мора да ги обезбедат овие очекувања кои ги имаме. Затоа, мора да упатиме јасна порака до сите политичари и политички субјекти да бидеме одговорни во овој процес. Ова е состојба во која мора да бидеме сите одговорни, бидејќи мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.