-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Ѓоргиев: Позитивна атмосфера во разговорите на македонско-бугарската Комисија за историски прашања

ТОП ВЕСТИ

Разговорите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска поминале во позитивна атмосфера, а се разговарало само за учебниците, информира Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата по денешната средба во Скопје која продолжува и утре.


-Сè уште нема никаков конкретен резултат, заклучок, конкретно усвоена препорака. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема во 9 часот и 30 минути, изјави Ѓоргиев за ТВ Сител.


Тој рече дека имале позитивна атмосфера во разговорите на кои, како што информираше, денеска дискутирале само за учебниците и се запазени нашите интереси.

– Апсолутно, секогаш кога дискутираме за тоа во прв ред се интересите на Македонија, се разбира, рече тој.

Во однос на донесените решенија, Ѓоргиев информираше дека денеска не е донесена никаква одлука.

– Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО