8.8 C
Skopje
сабота, април 29, 2023

Гир: Владеењето на правото е суштествено за евроинтегративните процеси на земјата

ТОП ВЕСТИ

Владеењето на правото е суштествено за евроинтегративните процеси на земјата, рече евроамбасадорот Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање за последните случувања во Судскиот совет за време на денешната посета на Општина Ново Село.


Според него, тоа вклучува развој на независно и професионално судство и јавно обвинителство кое ги вклучува највисоките стандарди.

-Последните неколку недели и месеци гледаме случувања кои не одат во правец кој ние во Европската унија го очекуваме, во правец на исполнување на стандардите кои се потребни за европските интеграции на вашата земја. Не постои скратен пат кој ќе донесе до спроведување на реформите кои се поврзани со владеењето на правото. Ние очекуваме процесот на реформи да продолжи на одлучен начин понатаму, затоа што тоа е единствениот пат по кој оваа земја може да стане членка на ЕУ и пред се тоа е во интерес на граѓаните, рече амбасадорот Гир.

Додаде дека може да им даде сигурност на македонските граѓани дека од блиску ќе ги следат сите случувања поврзани со владеењето на правото, и тоа од првиот ден на пристапниот процес, па се до последниот ден кога земјата ќе стане членка на ЕУ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО