-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Германското МНР со предупредување до своите граѓани: Бидете будни и претпазливи кога патувате во Македонија

ТОП ВЕСТИ

Германското Министерство за надворешни работи бара будност од германските граѓани при патување во Северна Македонија поради заканите со бомби.


„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи. Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми“, се вели во информацијата на германското МНР.

Од Берлин се посочува дека досега сѐ е сведено само на закани и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО