Најголемата опозициска партија од македонскиот блок ВМРО-ДПМНЕ утре на улица Македонија во Скопје ќе отвори старо-нов штаб, дознава 4NEWS.mk
Според нашите партиски избори, штабот ќе го користи Градскиот комитет, за среби со граѓани и други партиски активности.
До пред неколку дена, пред да започнат подготовките на просториите, на прозорците стоеше ликот на Данела Арсовска, актуелната градоначалничка на Град Скопје. Претходно, таа го користеше штабот во изборната кампања за прес конфренции, контакт со граѓани, средби со политичари.
Внатрешно просториите се уредени со позадина на која може да се одржуваат прес конференции, ТВ, знамиња и мебел. Од надвор, поставен е телевизор, симболи на Град Скопје и испишан е слоган „Промени што носат иднина“.
Партијата има оставено и QR код до нивните профили на друштвените мрежи Фејсбук и Инстаграм.