-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

(Фото + Видео) Стево во фокус на мајтап: Тито се сликаше со Елизабет Тејлор, Пендаровски со Нивес Целзиус

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
9


Хрватската старлета и водителка Нивес Целзиус беше на прием кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно.

Старлетата – добро позната на балканските простори – се пофали на социјалните мрежи дека ја примил претседателот.

„За вас кој не знаете господинот лево е претседателот на Северна Македонија“, вака Нивес го претстави претседателот.

Ама тоа не е сè. Таа си дозволила (очигледно и дозволиле) во стилот на Мерилин Монро да ги бакнува припадниците на претседателската гарда.

На социјалните мрежи исплива и фотографија како таа позира полугола во кревет во Скопје, а самата сподели фотографија со која го поздравува доаѓањето во Скопје облечена во ултрамини здолниште и раскошно отворено деколте.

Инаку, Нивес е дел од учесничките на ревијалниот турнир на медиуми во мал фудбал во чест на 30 роденден на Спортското радио.

На социјалните мрежи се споделуваат сексапилните фотографии од старлетата преплавени со коментари на мајтап-сметка на претседателот:

„Тито се сликаше со Елизабет Тејлор, Пендаровски со Нивес Целзиус, толку од постот!“, „Следна е Сандра Африка“, „Срамота“…, се дел од коментарите.

Потсетуваме, во 2019 година медиумите пишуваа за фотографијата на екс премиерот Никола Груевски во друштво на Плејбој зајчицата Вивиен Чене. Заедничката фотографија беше направена на бизнис забава во Будимпешта.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО