Александар Донев на друштвената мрежа Фејсбук сподели фотографии како еден возрасен маж во Охридското езеро ја чисти својата кофа и четка откако завршил со кречење.
„Си ја исчисти кофата и четката за кречење во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во Хотел Бисер, каде што најверојатно кречат/реновираат. Не знам ни зашто постувам кога знам дека џабе е веќе се…само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“, пишува тој на друштвените мрежи.
До моментов нема официјална реакција од институциите.
Ова се случува во моменти кога нејасно е дали Охрид и охридското езеро ќе го зачува статусот на заштитено подрачје. За тоа треба да бидат исполнети серија на препораки од кои многу малку се направени.