-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

(ФОТО) Мајтапи на сметка на Лиз Трас: Сакаше да биде модерна Тачерка, а ја загуби битката и против салата!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
18


Британската премиерка Лиз Трас дефинитивно ќе остане запаметена во историјата како последната што на аудиенција во Балморал беше примена од кралицата Елизабета Втора, само два дена пред да почине на 96-годишна возраст.

Оттогаш поминаа само шест недели, а Лиз веќе е бивша премиерка.

И покрај тоа што уште на стартот погреши и ја загуби поддршката за рекордно време, веста дека денес поднесе оставка силно одекна во Велика Британија, но никој не жали.

Ова е најкраткиот премиерски мандат во историјата на оваа земја: до сега тој неславен рекорд го држеше ториевецот Џорџ Канинг, кој беше на власт 119 дена, но човекот престана да биде премиер затоа што ненадејно почина од пневмонија. Тоа беше во далечната 1827 година.

Трус беше на функцијата само 45 дена, а си замина откако за само неколку дена загуби двајца министри, а вчера цела земја беше сведок на тепачка меѓу членовите на нејзината партија во парламентот.

Ако нацијата не ја оплакуваше кралицата толку долго, таа ќе заминеше порано, коментираат Британците.

Не можеа да и простат што инфлацијата им се искачи на 10 проценти, највисока во последните 40 години, а таа се обидуваше за се да ги обвини своите соработници и да се оправда.

Дури 77 отсто од Британците изјавиле дека не ја поддржуваат актуелната влада или премиерот, па така Трус немал избор.

Лиз Трус за кратко време стана национален потсмев и една од најомразените луѓе во Велика Британија. На нејзините сонародници не им се допадна нејзината политика, особено онаа поврзана со економијата, но ниту нејзината личност.

Социјалните мрежи „горат“ од исмејувачки коментари откако беше објавена фотографија од нејзината прва фотографија со наследникот на Елизабета, кралот Чарлс. Премиерката беше фотографирана додека прави прилично невешт полулак во Бакингемската палата, па Британците напишаа дека таа дефинитивно може да користи курс за поклонување, а имаше и зајадливи коментари како Лиз носи несреќа, во стилот: „Кралу, внимавајте, знаеме што се случи последниот пат кога Лиз беше на пример во палатата“, алудирајќи на смртта на британскиот монарх со најдолг стаж.

Трас, да потсетиме, го наследи разбушавениот Борис Џонсон на чело на британската влада откако на почетокот на септември стана претседателка на Конзервативната партија.

Таа беше поддржана од 81.326 членови на партијата, додека нејзиниот противкандидат Риши Сунак освои 60.399 гласови. Трас претходно беше министерка за надворешни работи во владата на Борис Џонсон.

Ви приложуваме видео од нејзиниот бизарен говор за јаболката, крушите и сирењето на митингот на Конзервативната партија.

За среќа, Британците брзо сфатија каде ги носи Лиз, па ваљда следниот пат помудро ќе изберат. Но, кој знае, можеби Борис повторно ќе им се врати, иако и тој беше подвижен скандал.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО