0.8 C
Skopje
петок, април 7, 2023

(ФОТО) Англија бруи за жената на новиот премиер, убавицата е ПОБОГАТА ОД КРАЛОТ Чарлс Трети!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
5


Новоизбраниот претседател на Конзервативната партија на Велика Британија, а со тоа и премиер на таа земја, е поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Откако го зазеде местото на прв човек на партијата, сите погледи беа насочени кон неговото семејство, а особено кон неговата сопруга Акшата Мурти.

Како што пишуваат британските медиуми, таткото на Акшата е милијардер и сопственик на позната ИТ компанија, а нејзиниот удел во оваа компанија изнесува неверојатни 430 милиони фунти, што ја прави побогата дури и од кралот Чарлс Трети.

Според последните информации, заедничкото богатство на семејството Сунак се проценува на 730 милиони фунти.

Ашката, поранешна модна дизајнерка, и нејзиниот брат главно биле одгледувани од нивните баби и дедовци, додека нивните богати родители работеле на изградба на семејна империја.

Нејзината мајка Суда е првата жена инженер во Индија која работела за најпознатата автомобилска компанија во таа земја „Телко“.

Ашката е заинтересирана за модата уште од раното детство, но нејзината мајка често ја критикувала дека посветува повеќе внимание на средувањето отколку на учењето. По завршувањето на средното училиште се преселила во САД, каде дипломирала економија и француски јазик.

Таа го запознала својот сопруг Риши додека студирала на Универзитетот Стенфорд.

Сунак своевремено рекол дека тоа е љубов на прв поглед и дека за време на студиите сменил неколку предмети за да може да поминува повеќе време со неа.

Тие се венчаа четири години подоцна со раскошна церемонија во Индија, каде што ги живееја првите четири години од нивниот брак. Таа првично работеше во сектор на моден дизајн и основаше сопствен бизнис, а често наоѓаше инспирација во индиската култура и традиција во дизајнот на нејзините парчиња облека.

Двојката се пресели во Велика Британија во 2013 година, а Риши стана пратеник на Ричмонд во Јоркшир две години подоцна.

Сега живеат во куќа во Кенсингтон, која вреди околу седум милиони фунти, иако наскоро овој луксузен дом ќе го заменат со резиденцијата која е наменета за премиерот на Британија и неговото семејство.

Иако не се занимава со политика, сопругата на Риши често била предмет на интерес во Британија главно поради нејзиното богатство.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО