Поглед:
32
Петар Богојески од Македонски Концепт, како одличен познавач на политичките состојби во земјава, објави став дека токму САД и ЕУ ја создадоа партијата на Апасиев, Левица.
Што објави Богојески:
„Ако влеземе во анализа на причините за создавање на хибридни закани по државноста на Македонија и НАТО партнерството, како што е на пример партијата Левица, ќе дојдеме до правилото „акција – реакција“.
Имено, долгогодишната АКЦИЈА на САД и ЕУ во поддршка на соседите наспроти Македонија, поддршка на албанските желби, многу често неправично поставени вон владеење на правото, особено излегување надвор од рамките на Рамковниот договор во Охрид, драматичната промоција на Преспанскиот договор и уште подраматичната негова предвремена имплементација, последно поддршката на невозможниот Француски предлог со што дирекно застанаа на страна на етношовинизмот на Бугарија, предизвика нужна РЕАКЦИЈА во земјава, особено кај етничките Македонци, чиј плод е партијата Левица.
Самото излегување и непочитување на меѓународните договори, од страна на нивните гаранти како САД и ЕУ, особено вулгарното користење на терминот „северномакедонци“ за народ кој не постои во земјава, дополнително ја промовира и поддржа појавата на хибридните закани како Левица, а ја отежни нашата позиција на политичката сцена.
Повеќе од јасно е дека Левица не е никакво решение и дека ништо нема да промени во земјава, но Македонците мора прво да се изгорат за тоа да го разберат. Лутината во нив е огромна и преку гласање за Левица мислат дека ги казнуваат ЕУ и САД за сторените неправди врз нив. Тоа е фатаморгана, токму обратно ќе испадне, но ќе им треба време на граѓаните сами тоа да го воочат, попусто сега ќе им говориме.
Сега е најтешко да бидеш дел или да предводиш проЕУ и проСАД движење, како во мојот случај. Буквално меѓународната организација УЕФМ која сеуште ја предводам остана без предмет на дејствување, зашто во вакви услови, на вакво уценувачко поведение на ЕУ кон моите Македонци, најмалку е смешно јас да им говорам за нашиот сон за Европска Федерација на слободни нации.
Горд сум на Македонски Концепт, политичко движење со јасна про-евроатлантска определба, не само што опстои во вакви невозможни услови, создадени највеќе по вина на САД и ЕУ, туку прерасна во организирана политичка партија, со изразито квалитетни кадровски потенцијали, со структура на национално ниво, без да промени курс на своите политики и останува најсилен партнер за полна интеграција на Македонија во ЕУ, особено за продлабочување на македонско – американското пријателство.
Јас често истакнувам, ние сме децата на Илинден, ние сме пиреј, свои на своето, па оттука не сме за Американците или за Европјаните, туку сме за со Американците и со Европјаните да им помогнеме на нашите Македонци.“ – завршува Богојески.