-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ЕУ амбасадорот Гир го предаде Извештајот на Европската комисија на премиерот Ковачевски

ТОП ВЕСТИ

На средба во Владата на Република Северна Македонија денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски. На состанокот на кој се дискутираше за Извештајот и очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.


Премиерот Ковачевски на состанокот истакна благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочи дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Северна Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.

Премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на Владата е Република Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО