АД ЕСМ навремено ќе ја извести јавноста откако ќе донесе одлука за набавка на гас за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, како и за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ ТО.
АД ЕСМ претходно веќе ја извести јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите се технички и технолошки подготвени да го користат и истото е достапно за набавка., така што испораката на топлинска енергија за градот Скопје тече без прекини и истото ќе продолжи и во следниот период.