6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Еден милион и осумстотини илјади слепци, болниот од Велес ги води!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2.280


Еден милион и осумстотини илјади слепци, болниот од Велес ги води!

пишува м-р. Благојче Атанасовски, политички аналитичар

На сите меѓународни истражувања, Македонците (читај: македонските граѓани), заедно со Турците, биле рангирани како нации, најподложни да веруваат на фамозните fake news (лажни вести). Дали оттука произлегува, ние да сме нација-шампион за верување и ширење на теориите на заговор, никогаш не верувајќи во вистината, не знам, но едно знам: ја уништивме државата која во наследство ни ја оставиле нашите предци, крваво положувајќи ги своите животи низ децениите на деветнаесеттиот, но особено во дваесеттиот век.

Реакциите по објавувањето на пописните резултати, од спроведениот попис после две децении (очекувани), се доказ дека Македонците не веруваат во својата држава, односно нејзините институции. И покрај тоа што на чело на Државниот завод за статистика кој го имаше товарот да се спроведе оваа навидум обична статистичка операција, беше поставен човек кој целиот свој стручен и професионален живот го поминал токму со оваа материја, ние пак се фативме за врат, проблематизирајќи ги и овие пописни резултати.

Со најави и изјави за неприфаќање од некои „релевантни “ политички партии ( Глас за Македонија на Сузана Грчева и Демократски Сојуз на вечниот џандар пратеник). Па за што ни е тогаш држава, ако не веруваме во ништо официјално произлезено од неа?! Па иселете се сите во западноевропските земји и верувајте во институциите на системот на тие земји. Државата не чинела, се било наместено, а внатре во државните институции еден тон да ги ринеш Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и останати од попишаните етнички заедници кај нас.

Вие сте тие кои ги пополнувате како човечки материјал државните институции, и истите вие сте тие кои се жалите од нелегитимноста, неефикасноста, нагласеноста и наместеноста од истите?

И кога ќе кажам дека со тоа што го збори едно, а прави друго, Македонецот по сите клинички учебникарски симптоми е печен за  шизофреничарска дијагноза, некои бардовЕ на македонската журналистика во изминативе триесет години, морални титани на епохата (почитувачи и браначи на ликот и делото на ОрцО Камчев), бараа од новинарските здруженија санкции за мене, бидејќи сум ширел „говор на омраза према македонскиот народ“.

Патетики и гротески смешни. Уште повеќе што, тие што денеска најмногу фрлаат дрвја и камења по пописните бројки ( „наместен попис, пропадната Македонија, геноцид врз Македонците, не го признаваме пописот“), истите тие (не)свесно водеа кампања за бојкот на попишувачите, неотворање врата и не се попишаа. Ете видовме дека се 132.000 будали. Што очекуваа тие, ако уште такви 132 илјади како нив го бојкотираа пописот , процентуалната бројност на етничките Македонци од 58% ќе се качеше на 68%?!

Сепак сметам дека (не)успешната операција наречена „бојкотирам попис“, беше уште едно од многуте кукавички УДБАшки јајца од т.н „длабока држава“ како и многу пати низ изминативе три децении независност, снесени во седлото , овој пат во нивниот нов инкубатор на една куртон инсталирана од странски центри на моќ партија, со номинално име лево од центарот, а во суштина карикатурална гротескна нацидесница.

И нивниот психијатриски депресивно-манијакално душевно разболен водач, како најдобрата српско-руска инсталација, одлично ја заврши работата, за уште еден пат пописот низ македонскиот амбиентален етер да биде „сомнителен“. Но нејсе. Сто пати сум напишал, дека како што Македонецот може сам да си наштети, ниту еден „клет Грк, Бугарин или Албанец“, тоа не може да му го учини. Не верувам во глупостите на „македонскиот синдром на самоуништување“, ама и тоа како верувам во генералното македонско примитивно-простачко поведение, произлезено од образовната неукост, плиткост, површност и нееманципираност.

После триесет години, ние се наоѓаме на истата стартна точка од која требаше да тргнеме. Ниту завртевме круг за 360 степени, за да се вратиме пак на истото место, туку не се ни поместивме од неа. До кога ќе биде така, не знам, но само едно знам: наместо да гледам култивизација на македонскиот општествен и политички простор, ние уште повеќе тонеме во неподносливата леснотија на жабарникот во кој  неколку посттоталитарни алигатори изедоа се што можеше да се изеде од Македонија после 1991-ва година наваму.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО