-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Еден месец нема резултати од рентген во Чаир оти е расипан ЦД читачот

ТОП ВЕСТИ

Направил рентген снимка уште пред еден месец во Поликлиниката во Чаир, но сѐ уште го нема добиено ЦД-то со резултати, поради тоа што ЦД-читачот е вон функција. Пациент се пожали во редакцијата на ТВ21 дека чекањето трае долго, а резултатот му е нужно потребен за да може да продолжи со понатамошната анализа. Не можам да направам уште една снимка, бидејќи зрачењето е опасно по здравјето, вели тој.


-Пациентите кои прават рентген снимки во Поликлиниката во Чаир не можат да ги добијат резултатите бидејќи веќе два месеца е расипан овој дел од компјутерот и не може да го подготви ЦД-то. Резултатите ги добиваат само со писмен извештај-вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.


Го прашавме и директорот на Здравствен дом-Скопје. Бесим Кока за ТВ21 рече дека станува збор за специфичен дел, кој се очекува да биде поправен до понеделник.

-Имаме технички дефект и во моментов сме во процес на санирање на истиот. Но, имајќи предвид дека се работи за делови кои треба да пристигнат од странство, нарачани се, затоа од почетокот на следната недела ќе биде готов. Но, пациентите ја добија услугата, снимките се направени, само не можеа да го добијат ЦД-то. Ги услуживме граѓаните, го добија резултатот, само што го немаат ЦД-то. Откако ќе го решиме проблемот, ќе можат да се вратат и да го добијат, бидејќи се регистрирани, можеме да им го дадеме и со задоцнување-вели Кока.

Не добивме точна информација колку чини санирањето на овој дефект. Директорот Кока само рече дека пациентите ги упатуваат на другите поликлиники во Скопје.

-Во Здравствен дом имаме и кабинети за рентген, имаме и на „Бит Пазар“ и на пет други места. Значи кој имал потреба, му предложивме да отиде таму-изјави Кока.

Според информациите на ТВ21, цд-читачот е вон употреба веќе два месеца. Министерот за здравство, Беким Сали, вели дека за овој проблем се одговорни раководителите на здравствените установи.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО