Два земјотреси утрово се регистрирани од Европскиот макро-сеизмички центар.
Првиот е регистриран во 04 часот и 7 минути утрово, со магнитуда од 2.1 степен по Рихтер на длабочина од 0 километри.
Вториот земјотрес е регистриран во 10 часот и 34 минути, со магнитуда од 2 степени по Рихтер на длабочина од 7 километри.
И двата земјотреси се со епицентар во близина на Мавровското езеро.