-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДУИ утре на генерален совет – „Огнената група“ не дојде на средба со Али Ахмети

ТОП ВЕСТИ

„Огнената група“ од ДУИ не дојде на консултативната средба што денеска ја свика Али Ахмети.


Причината за бојкотот на средбата е незадоволството од првичните средби и имињата што го предложил Ахмети за тимот на партиски потпретседатели.

Групата не се согласува со тимот бидејќи според нив, предложените имиња, со исклучок на Изет Меџити, се сметаат за луѓе блиски до вицепремиерот Артан Груби, додека одлучувањето ќе биде заложник на лидерот на партијата Ахмети и вицепремиерот Груби.

На состанокот утре ќе учествува и огнената група кој ќе ги повторат позициите за промени во составот на раководството на партијата. Во спротивно, не е исклучено нивното фракционирање.

Во огнената група денеска јавно се приклучија и други членови на Генералниот совет, како Амет Исмаили од Студеничани и Ваит Ајро од Струга.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО