Поглед:
29
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на социјалните мрежи се пофали со брз влез на Македонија во ЕУ, најкасно до 2030 година.
На тоа реагираше и европскиот амбасадор во Скопје, Гир кој посочи и забелешки дека ако веќе властите толку ветуваат, тогаш треба да се посветат на реформи во судството, зашто без тоа нема ЕУ.
Лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески исто така реагираше на ветувањата на вицепремиерот Маричиќ, но со само едно клучно прашање:
„Другар, одговори само на едно прашање. Дали промената, со цел влез на Бугари во Устав, е последно или почетно барање на Бугарија?!?“
Суштината на прашањето од Богојески е како тоа Маричиќ ветува влез во ЕУ, кога знае дека Бугарија по првата уцена со влез на Бугари во Устав, планира уште стотици такви уцени, блокади и вета, се до исполнување на нивната живковистичка агенда.
Ако тоа го знае Маричиќ, како што го знае Богојески, како може да биде до толку безобразен и да ветува влез во ЕУ, а Македонците да ги лаже дека само уште еднаш да смениме Устав и готово!?!
Богојески искрено на граѓаните им соопшти дека нема влез во ЕУ под бугарски услови, а понуди и решение за тоа, донесување на граѓански Устав, како би ги поразиле бугарските планови и би постигнале реципроцитет во односите со таа земја.
Тој не уверува дека ова барање на Бугарија за внес на бугари во Устав е руски проект за создавање на трајна дестабилизација на Македонија, а со тоа и на НАТО, а потоа отварање на вратата за нови уцени и притисоци, со цел исполнување на најмрсните бугарски соништа кон Македонија.
Според него, со Бугарија треба да изготвиме трајно и одржливо решение, еднаш за секогаш да ги закопаме секирите, за да нема никаква можност во иднина таа земја да не спречува или уценува во процесот на преговори со ЕУ.