2.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

ДОВОЛНО БЕШЕ „Путин е крив за се“, време е ЕУ да преземе одговорност

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
18


Доволно беше сите анализи и ставови да завршуваат со онаа „Путин е крив за се!“ – смета Петар Богојески, лидер на партијата МК.

Не може промашувањата на ЕУ во политиките кон Македонија да ги препишуваме на Путин и така да ни биде полесно. Тоа е тешка глупост.

На тој начин само го факторизираме Путин, а ја омаловажуваме самата ЕУ, чии перјаници се сокриваат зад таа флоскула.

Редно е ЕУ да си ја преземе одговорноста и да си признае дека „францускиот предлог“ е тешка глупост и тоа нивна глупост, а не на Путин. Затоа во Македонија расте рејтингот на Путин, а тој на ЕУ се сведе на „махово зрно“!

Итно е потребна промена на преговарачката рамка за Македонија и отварање на пристапни преговори без избугарени уцени, вметнати во тој несреќен „француски предлог“. Токму така ЕУ ќе ги уништи барањата на Путин, кои преку Бугарија се вметнаа во ЕУ рамката.

Францускиот предлог беше предавство на европската идеја и на фундаменталните европски вредности во кои сме убедени, исто како Путин да го пишувал, а не јаките европски демократи.

Затоа, доволно беше „Путин е крив за се!“ – смета Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО