-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА ЗА КИРАЏИИТЕ ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
30


МАКЕДОНЦИТЕ КИРАЏИИ ВО СВОЈАТА ТАТКОВИНА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

21 годинаод  Рамковниот договор кој требаше да  донесе мир и поправична застапеност на заедниците во општествениот животот.  21 година по неговото потпишување и неправично спроведување истиот ги направи македонците кираџии во својата татковина. Не соживот, ами  селективен живот со помош на заевите политики ги докусурува македонците во секој сегмент од нивното постоење.

Заради бизнис интересите на двоглавата влада СДС-ДУИ денес овие кои бараа соживот и права си дозволија да го свиркаат македонскиот јазик, притоа никој да не им замери за ваквото однесување. Молк од власта. Не смеат да писнат. Да беше спротивното ќе влечеа народ по судови за ширење на говор на омраза! Што сорта ќе беа овие од СДС?!  А пак, што народ ќе беше да трпи векови тиранија и да незнае да живее во слободата?! Подеднакво се виновни сите за ова што ни се случува денес и за она што допрва ќе не снајде.

Сите луѓе и култури се живи истории. Се она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде ЧОВЕК! Очигледно некои битија  не го заслужуваат овој назив.

Па, можеби генетиката е виновна што ние македонците сме до безкрај толерантни…Но каде е НЕПОКОРОТ? Остана како фраза во некои напишани говори кои челниците ги читаат по потреба на манифестации, без трошка емоции и почит кон минатото. Напротив, за пуста власт „му турија пепел“ на вековната борба за своја татковина. Разнебитија и тоа што останало.

И денес сеуште владеат, а народот тоа им го овозможува.  Што уште е потребно да направат. Вчера ни го „свиркаа“ јазикот, утре и од сопствените домови ќе не избркаат! Не направија КИРАЏИИ во своја татковина – молчиме, им ги плаќаме сметките за електрична енергија – молчиме, има ја одработуваме платата – молчиме, им плаќаме даноци – молчиме, казни, глоби, селективна примена на закони- молчиме…..и што се македонците ако не кираџии!?

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО