-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА со ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ и нивните „СЕИР МЕДИУМИ“

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
16


ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ ВО ПОЛИТИЧКО ПАРТИСКА НЕДИСТАНЦА ОД МЕДИУМИТЕ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Јавноста има право да биде информирана точно и објективно.Читателот или слушателот треба да има целосна информација за настаните и политичките збиднувања за да може да формира критичко мислење. За жал, во нашето општество граѓаните секојдневно се манипулирани од страна на големите моќни  партии кои преку влијание врз уредувачката политика на медиумите го контролираат и креираат јавното мислење. На тој начин си овозможуваат лагодност и сигурност за подолгорочно опстојување на политичка сцена.

Големите партии не ретко искористувајќи ја својата моќ и влијание, особено кога се власт,  преку истите тие медиуми успеваат да „линчуваат“ одредени јавни личности , партиски опоненти или свои сопартијци заради остварување на некоја внатрепартиска цел.

Ваквата појава е најчеста кога постои некое внатрепартиско ривалство за високи партиски функции или државни кога истите се власт.

Секојдневно сме сведоци дека политичкиот систем се’ уште е надреден над медиумскиот. Се поретко сретнуваме медиум кој е професионален, кој ја информира јавноста за прашања од јавен интерес, кои  известуваат за она што е интерес и што влијае врз животот на повеќето граѓани.

Најчесто актуелни и ударни теми се политички препукувања се разбира помеѓу големите партии,  наместо реалните секојдневни проблем на граѓаните. Забораваат дека не се гласило на државните институции, ниту портпароли на партиите.

Нивната уредувачка политика е сведена на информирање за сето она што НЕКОЈ проценил дека би требало да се информира. И ова е уште еден доказ дека медиумите ите како се контролираат од големите партии.

Ваквиот пристап на медуиме е исто така и навреда за граѓаните. Со самото влијание на големите партии врз медиумите, истите си обезбедуваат извитоперена реалност кај граѓаните која во определен период им е потребна за добивање на политички поени и загарантирани гласови на извесни избори, на кои крајна цел е власт и само власт.

И тоа функционира со години наназад. Со ваквиот начин на функционирање се’ помалку има простор за промоција за реалниот човек со реални проблеми. Во етер може да „залута“ некоја тема или личност но повторно доколку им одговара на некоја од големите партии и тоа во определен период кога кажаното, напишаното им оди во прилог.

Најинтересен феномен се таканаречените „сеир новинари“ односно медиуми. Истите во принцип треба да се новинари, а спецификата кај нив е во тоа што нивниот начин на работа ниту припаѓа во рекреативно новинарство, ниту во аналитичко но има примеси на истражувачко новинарство. Ете овие се многу чести и нанесуваат пакост по нарачка. На јавноста им се интересни за гледање и слушање. Така непрофесионални и по малку театрални успеваат да го задржат вниманието кај граѓаните.

Нивниот стил поминува особено кај понеуките кои не разбираат многу анализи и факти и му поклонуваат доверба на кажаното во моментот. Иако, најчесто нивните соопштенија или стории завршуваат со тужби за клевета, но за тоа граѓаните скоро и да не дознаваат. Ваквите „сеир новинари“ најчесто големите партии ги употребуваат кога треба да направат некоја комбинација, односно јавно да линчуваат некоја личност.

На пример некој кој е на јавна функција, професионалец кој  има голем рејтинг и поддршка од јавноста, а власта  на партиски состанок одлучила да постави друга личност на таа функција. Тогаш се ангажира  „сеир новинарот“ со цел таа личност во очите на јавноста да добие негативна оцена и со тоа да и овозможи на власта да си ја спроведат партиски донесената одлука, а да не бидат осудени од јавноста за стореното. И наместо да биде застапен јавниот интерес повторно победува личниот односно партискиот интерес.

Иако објавеното од „сеир новинарот“ далеку е од истражувачко новинарство и  не е остварено врз основа на правила и стандарди. Иако не се испочитувани моралните норми на новинарската професија и законска рамка за пристап до информациите, на крај моќта на информацијата ќе си го направи своето.

Многу мал процент знаат дека известувањето за доброто работење на институциите е пи-ар, а не новинарство, најмалку истражувачко.
Протекувањето информации од институциите кон медиумите и новинарите (Leak Journalism) не е истражувачко новинарство.

Причината за протекување информации може да биде приватен, политички или лукративен интерес на оној што им ги дава информациите на новинарите и поради тоа може да биде само почеток на новинарското истражување. Ексклузивната приказна или известувањето од еден извор не е истражувачко новинарство. Истражувачката приказна мора да има повеќе извори – човечки и документирани и верификација на секоја информација.

Користењето информации за уцена и за изнуда од страна на новинарите, не е истражувачко, туку рекет новинарство. Папарацо новинарството, односно следењето и тајното фотографирање и известување за животот на моќни луѓе, бизнисмени, шоумени, пејачи, актери, политичари… не е истражувачко новинарство, зашто ја нарушува приватноста на јавните личности.

Но, папарацо новинарството може да биде истражувачко ако за објавувањето на тајно снимените фотографии или за нарушувањето на приватноста има јавен интерес.Истражувачката работа носи различни видови ризици.

Главниот ризик е можноста за злоупотреба и масовна манипулација со објавените информации. Уште во раната историја на истражувачкото новинарство имало серија злоупотреби, почнувајќи од популистичкиот стил на пишување и ширење мислење дека секоја критика или обвинение, објавени на спектакуларен начин, се оправдани и неспорни, што ја поттикна појавата на стереотипи за овој вид новинарство.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО