-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА и ЗАЕДНИЧКИОТ ИНТЕРЕС НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
19


НИКУЛЦИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ КРИЗИ ЛЕЖАТ ВО ИЗБОРНИТЕ СИСТЕМИ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Спроведувањето на изборите во државава најчесто претставувало извор на „нестабилност“ и причина за продлабочување на кризата во општеството. Периодот пред одржувањето на изборите и по конституирањето на власта  претставува и изгубено време, во кое се троши непотребно енергија на промовирање популистички политики од спротивставените табори. Во овој период целосно запираат започнатите реформи, кои се неопходни за фаќање приклучок со побогатото и постабилно европско друштво. Тоа највеќе им одговара на големите политички партии, бидејќи само во хаос можат да дојдат до лични бенифити кои им ги овозможува власта.

Наместо да се посветат на изградба на функционален државен апарат, кој ќе биде во функција на подобрување на животот на граѓаните, големите партии се насочени кон правење разни коалиции за што подолго да се одржат или, пак, да дојдат на власт.

Во такви околности, една од причините за континуираната политичка нестабилност, е слабоста на постојните изборни системи што ги фаворизираат големите партии, кои ги делат луѓето и општеството на два дела, без да им се овозможи пристап на партиите што промовираат нови вредности да учествуваат во поделбата на власта.

Малку нешта се константи во Македонија, а е една од тие константи се буџетските пари за финансирање на партиите, пари собрани од придонеси, акцизи, царини, даноци и казни.  Секоја година на сметките на партиите легнуваат неколку милиони евра со кои тие потоа располагаат а за кои има недоволен надзор. Кога има избори, а ги има речиси секоја година, дури и рекламирањето во медиумите го плаќа државата. На партиите останува само да ги смислат слоганите и изјавите со кои ќе настапат пред јавноста.

Анализата на Законот за финансирање на партиите дава одговор зошто од година во година коалициите се се побројни и зошто независните кандидати и листи немаат речиси никакви шанси како на избори така и да добијат пари од државата.

Истражувањата покажуваат  дека за 10 години, во периодот од 2011 до 2021 година, од државниот Буџет се исплатени 26,5 милиони евра кон политичките партии во државата.

По партии гледано, најмногу пари легнале на сметката на СДСМ – 6 милиони евра, потоа е ВМРО – ДПМНЕ со 5,7 милиони евра и секако ДУИ на третото место со речиси 3 милиони евра.

Во изминатите 10 години вкупниот број на мандати, пратеници, градоначалници и советници, се зголеми за 52 и од почетните 1.376 сега изнесува 1.428. Во анализата на ИРИ е пресметано дека мандатот најмалку чинел во 2011 година 40.698 денари а најмногу во 2019 година – 149 илјади денари. Ова е сумата која ја добиле партиите за секој освоен мандат таа година. Во 2020 и 2021 година, кога се кубуреше со секој денар заради пандемијата со Ковид мандатот чинеше 97 односно 104 илјади денари.

Бројките, а законската поставеност, покажуваат дека малите партии речиси и немаат шанси да се приближат до државното финансирање и затоа во секој нов изборен циклус имаме се побројни партиски коалиции а се помалку независни листи и групи на избирачи кои речиси никогаш не добиле денар од државната каса.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО