Поглед:
21
ПЛАН „Б“ – ДЕФОКУСИРАЊЕ ОД НЕСПОСОБНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Ова ли е планот „Б“ на Апасиев и Мицкоски? За ова ли ги „задушија“ протестите ?
Целиот свет бара алтернативви за што побезболно справување со престојната криза освен некои исклучоци. За жал, во тие исклучоци припаѓа и Македонија.
Енергетска криза-што е тоа? Само во Македонија нема никаква паника околу ова прашање. Се си тече најнормално, а опозициските лидери се заслужни за тоа да изгледа така.
Единствено што нашата Влада направи се ради-реда донесените , налик смешни анти-кризни мерки.
Без сериозен пристап кон проблемот, како и за се’ останато во државава си напишаа две-три реченици во една одлука на владина седница и мислат завршија голема работа. Секако не заборавија да запретат и овојпат со казни но заради линчување на оние кои се немили на власта.
Ниту една дебатна емисија на темата. Ниту еден експерт од областа да „гугни“ нешто паметно. Напротив, секојдневни препукувања опозиција-власт, театар за граѓаните и ако може да се ќари по некој политички поен.
Наместо секојдневно да работат заедно во изнаоѓање на решенија и подготовка за престојната зима, тие граѓаните ги „анимираат“ со референдумски прашања, разрешување на директорчиња по јавни претпријатија, демагогии за уставни или неуставни одлуки на Талат, упаѓање на пресови и слични театрални дејствија.
Која е целта што сакаат да ја постигнат!?
Целта е ДЕФОКУСИРАЊЕ на граѓаните од нивната неспособност да се справат со вистинските проблеми! Сите заедно, без исклучок учестуваат во овој театар.
Преку медиумите ги занимаваат граѓаните со нивното претходно заедничко осмислено сценарио.
Дел од истото е небулозната иницијатива за референдум која е планирано подолг период да ги задржи граѓаните пред малите екрани. Подготовка на истата со која не занимаваат неколку недели.
Поднесување и очекувања за процесуирање во Собрание, секој поединечно дава изјави за јавноста кое траеше неколку денови.
Одбивање на иницијативата, препукување, експертиза за уставноста на одлуката….сеуште трае!
Во меѓувреме кадровските решенија на Данела. Оставки, тендери, разрешувања се следат будно и се известува без здив!
Во слободниот простор ни пуштаат реклами и секако после тоа следат турски серии за релаксација.
И така, додека светот бара алтернативи за побезболно да го помине хаосот кој следува, македонските граѓани си заспиваат во неизвесност кој ќе биде следниот рарешен директор, што Талат ќе му врати на Апасиев, дали Мицкоски ќе поднесе нова иницијатива, колку возачи ќе бидат санкционирани од Оливер или колку „тревки“ ќе заплени наредниот ден.
Доколку помине некоја вест за можен недостиг на некој прехранбен продукт, тука е Вучич.
Ќе пуштат по некоја негова изјава да не се грижиме, зошто тој нема да не остави да гладуваме. И ете и тој проблем е решен. Како чергари ќе чекаме некој да не нахрани! Брука!
Нареден ден по истиот редослед и така се додека еден ден останат граѓаните без електрична енергија и на свеќи. Тогаш ќе смислат нови сценарија можеби. Можеби ќе ги собираат граѓаните по плоштадите и ќе ги забавуваат со своите ораторски вештини во живо.
Сите се подеднакво виновни и сите се учесници во создавање на дефокусот од реалноста. Никој не се обиде да осмисли некоја стратегија, некоја ефективна мерка која реално ќе придонесе за поефикасно користење на електричната енергија.
Напротив, сите владини менаџери и функционери си го „фураат“ филмот дека се власт, не се откажуваат од своите привилегии и неоправдани трошоци ама нема кој да им забележи за тоа. Очигледно опозициските лидери имаат друга улога во целиов овој театар.