14.8 C
Skopje
петок, април 12, 2024

ДОБРО УТРО од Аматерката со ПСИХОПАТСКИ и „ЧИЧИНИ“ СОЦИОПАТСКИ поткасти

ТОП ВЕСТИ

АКО НЕ Е ЗА ПАРИ, ПАТОЛОГИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ



Секојдневно сме сведоци на разно-разни наслови и дебати по социјалните мрежи, како и беседења на одредени поткасти на кои таргет им се определени јавни личности. Најчесто тоа се ликови од политиката. Во текот на кампањата нивната реторика се засилува и даваат се од себе за да го задржат вниманието на јавноста. Дел од ваквите подткасти се интересни и забавни. Имаат определена тематика и интересна содржина која го задржува вниманието на гледачите-слушателите. Впрочем, поткастот обично треба да содржи еден или повеќе повторувани домаќини вклучени во расправа за одредена тема или тековен настан. Расправата и содржината во рамките на поткастот може да варираат од внимателно напишано до целосно импровизирано. Поткастите сврзуваат промислено уметничко производство на звук со тематски проблеми што се движат од научни истражувања до новинарство.  Многу  поткасти обезбедуваат поврзана веб-страница со врски и белешки за емисии, животописи  на гости, записи, дополнителни ресурси, коментари, па дури и форум во заедницата посветен на дискутирање на содржината на емисијата. За жал, постојат и такви кои со своите содржини имаат за цел да „хејтаат“, оцрнуваат, а со тоа и да ја манипулираат јавноста. Сведоци сме на ваквиот тип на поткаст од сега обвинетиот за убиство Палчо, кој навидум на определена група на луѓе им изгледаше интересен, па преку манипулативните минути на својот поткаст го задржуваше вниманието на јавноста. Што се случи на сите им е јасно. Навистина го задржа вниманието. Истиот овој лик покрај својот поткаст издвојуваше време и пополнуваше минути како гостин во сличен на неговиот поткаст НИНФОМАКС. Демек недоречен кај себе, беседеше и таму заради поголемо влијание кај публиката. Бидна што бидна, веќе го нема, го нема налик психопатскиот „говорник“ на Нинфомакс,  а ако се докаже делото за кое е обвинет ќе биде по дефиниција окарактеризиран како психопат. Ајде за него е до некаде јасно, се откри, но загрижува фактот што „ЧИЧИНИ“ го продолжуваат „патот на кој тој се сопна!“ Анализирајќи ги емисиите, темите, гостите и начинот на кој истите се режирани мора да признаеме дека постои една разлика. Науката ги разликува психопатијата и социопатијата, овие наследнициве чичини со своето поведение наликуваат на социопати имајки предвид дека ГНЕВОТ е чест придружник на социопатот. Гневни се, полни со омраза кон луѓе од својот род. Гостите едни те исти, за среќа толку само можат да најдат сродни души. Кога ќе се соочат со фактите „се перат“ со човековото право за слобода на говорот! Науката вели дека социопатот е варијанта на психопатот, но неговото патолошко однесување се манифестира во сферата на неговите социјални интеракции, бидејќи социопатите не знаат како да се прилагодат во социјалната средина, односно во општеството.  Причините за гневот  често се безначајни, па дури и непостоечки надвор од имагинацијата и светот на социопатот. Иако идентификацијата на социопатијата и психопатијата е одговорност на специјалистот и ни е тешко да ги разликуваме овие две нарушувања на личноста на прв поглед, постојат знаци кои го олеснуваат препознавањето на просечниот човек.  И покрај клучните разлики, лаик тешко би ја разликувал психопатијата од социопатијата, па дури и одличното познавање на разликите не им помага на лаиците да го идентификуваат растројството на личноста. Еве зошто со право можеме да ги окарактеризираме како социопати. Во нивните настапи може да се примети ГОЛЕМО ЕГО – Социопатите имаат тенденција да ги обвинуваат другите за сопствените неуспеси. Тие исто така ги кршат законите или општествените правила бидејќи сметаат дека се над законите и правилата и тогаш „му е повредено правото на слобода на говорот“. Исто така, МАНИПУЛИРААТ  – Социопатите се експерти за глума и секогаш имаат тајна агенда. Луѓето се толку воодушевени кога ќе откријат дека некој е социопат, бидејќи  се толку шармантни. Тие се мајстори за преправање. Нивната главна алатка со која се штитат од можноста да бидат откриени е создавање на надворешна личност. Имаат НЕДОСТИГ НА ЕМПАТИЈА – Недостиготот на емпатија во однос на другите луѓе се открива по фактот дека овие луѓе немаат многу пријатели, туку само површни односи. ЧЕСТИТЕ КОНФЛИКТИ СО ЗАКОНИТЕ се исто така белег на социопатите – луѓето со антисоцијално нарушување на личноста имаат тенденција да се неодговорни, што понекогаш се манифестира преку конфликт со законите.


Епа ако не е ЗА ПАРИ друга алтернатива не постои, освен да бидат третирани соодветно  од стручни лица. Но исто така треба да имаме предвид дека не постои лек или специфична форма на терапија која ќе го намали ефектот на болеста. Пристапот и терапијата се индивидуални и со нејасен успех, но се значајни бидејќи недостигот на дијагностика и искуство во лекувањето на овие растројства на личноста доведува до продлабочување на проблемот.


Чаре? Не ги сфаѓајте сериозно, од болеста му е! Во ова општество за секого треба да има место! Бог да им е напомош!


Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО