-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Директорката од Петровец даде објаснување – „На маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше да праша?“

ТОП ВЕСТИ

Директорката на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Виолета Јаневска даде објаснување во врска со денешните дојави за бомба во училиштето.


Таа вели дека меилот е испратен по завршување на работното време, и во тоа време немало ученици во училиштето.


„Маилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и во моментот училиштето нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор“, вели таа.

Според неа, потоа пристигнале единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна.

„Воедно сакам да Ве информирам дека истовремено истиот мејл стигнува и во други 4 училишта меѓу другото и ООУ, Илинден” од Крива Паланка кое што исто така го пријавува случајот денес околу 11 часот, а претходниот ден МВР го бара тоа училиште во општина Илинден, но не може да го најде. Сакам да прашам зошто кога на испратениот е-маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР не не контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаеле до кои училишта е пратено???“, прашува директорката.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО