Македонскиот голман Столе Димитриевски пред мечот со Барселона во интервју за шпанскиот медиум „Ла Разон“, зборуваше за тешкото детство во деведесетите и за тоа како растел во Куманово за време на војна.
Зборуваше за немилите настани во 2001 година и како татко го земале и регрутирале доцна во ноќта.
„Леле…! Војна? Се сеќавам дека кај мене дојдоа двајца чичковци и го одведоа татко ми. Бев таму во дневната соба, беше ноќ и беше комплицирано. Пристигнале со хартија која била задолжителна наредба да оди со нив да ја брани државата. Ова беше многу шокантно за семејството и отидовме кај другата баба ми бидејќи тоа беше побезбедно место. Земјата претрпе многу, но денес има простор за подобрување и раст“, вели Димитриевски.
На прашањето дали го видел татко ти за време на конфликтот, Димитриевски вели дека тој период траел скоро една година, и вкупно го видел само неколку пати.
„Бев мал, но видов тенкови и ме шокираа. Тешко е затоа што знаете дека нешто не е во ред. Имал среќа бидејќи неговата област не била една од најопасните“, додава Димитровски.
Фудбалот го започнал со цел на своето семејство да му даде „покрив“ и тоа го постигна.
Тој сонува да игра во тимот на Рајо-Ливерпул, го фали својот тренер Андони Ираола и уверува дека може „мирно“ да го води шпанскиот тим.
Себеси се дефинира како традиционална личност…
„Пораснав во Македонија и сакам традиции. Тоа е нешто што доаѓа од семејството и корените мора да се одржуваат. Никогаш не треба да го заборавиме нашето потекло“, вели Димитриевски.
Тој додаде дека мајка му има свој фризерски салон, додека пак татко му работел во продавница за мебел се додека не банкнотирал поради војната.
Димитриевски вели дека нема многу потешкотии кога се случуваат лоши работи во спортот бидејќи веќе преживеал и полоши работи.
„Го прифаќам, преболувам и продолжувам со мојата цел. Мојата идеја не беше да живеам од фудбалот, туку да му дадам покрив и храна на моето семејство. Тоа беше мојата главна цел, макар и праведна, најмалку и морав да ја постигнам. Кога имав 17 години потпишав со Удинезе, потоа отидов на позајмица во Гранада, во Кадиз… Учењето на јазикот и адаптацијата беше брзо. Речиси во ништо не видов големи тешкотии“, вели Димитриевски.
Целото интервју ТУКА!