1.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

ЏАФЕРИ: Артан Груби се крие зад Али Ахмети

ТОП ВЕСТИ

Продолжува расколот во ДУИ. Фракционерите не се откажуваат од своите барања и очигледно се решени да одат до крај. На партиска трибина во Кичево, на заедничка маса пред членството на интегративците седнаа Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и Висар Ганиу.


Претседателот на надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери порача дека се обидуваат да го спасат Али Ахмети од Артан Груби. Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и дека шири пропаганда и дезинформира за целите на фракционерската група.

„Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината за неинвестирање во Чаир? Каде одат парите од буџетот“ – Вели Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери.

Артан Груби деноноќно пропагандира дека работиме против Али Ахмети, истакна Џафери и додаде дека вистината е оти тој се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во собранието, Изет Меџити, пред членовите во Кичево побара расправата да се врати кај раководството на партијата. Тој уверува дека не се обидуваат да го отстранат Артан Груби за да го инсталираат Изет Меџити.

„Не се оди во Европа со задушување на демократијата. Затоа, зашто нема извештаи, решивме да одиме на директни средби со граѓаните, тие да не слушнат, ние од нив да научиме што се бара и какви се забелешките за политичкото и економско дејствување“ – Вели потпретседател на ДУИ, Изет Меџети.

Фракционерите во ДУИ се пожалија дека трпат силни притисоци. Не прецизираат од кого биле притисоците, но, велат, некој не сакал тие да се сретнат со членството од Кичево.

Оттаму уверуваат дека не се обидуваат да ја растурат ДУИ, бидејќи премногу вложиле во нејзинито создавање. Велат дека немале лоши намери, затоа што лично, немале ништо против никого, а целта им била ДУИ да стане подемократска и подобра. По Кичево, најавија дека следна дестинација за средба со членството им е Гостивар.

 

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО