-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДЕНОВИ НА ОДЛУКА ЗА СРБИЈА! Вучиќ присуствуваше на вонредната седница на Владата, се сретна со амбасадорите на Кина и Русија!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
24


Претседателот на Србија, Вучиќ во текот на ноќта разговараше со Србите од Косово и Метохија и со пратеникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Средбата со Лајчак траеше до крајот на ноќта, повеќе од 5 часа.

– Долг и тежок, но искрен разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа. Сметам на одговорното однесување на сите за да покажеме воздржаност заради безбедност и стабилност. Мора да се избегнува насилство – напиша Лајчак на Твитер.

Тој додаде дека е договорено сите договори постигнати во дијалогот да се почитуваат и целосно да се спроведат.

Итната седница на Владата на Србија започна во 10 часот

На неа е присутен и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а тема е разговорот на претседателот со Србите од Косово и Метохија.

– Ви благодарам за поканата и што ми дадовте можност да ве информирам за состојбата во која се наоѓа Србија. Не се откажуваме од одговорната политика на мир и стабилност – напиша претседателот по седницата.

Претседателот на Србија се сретна и со амбасадорот на Кина во Белград, Чен Бо. Средбата започна во 11 часот.

Вучиќ ја информирал кинеската амбасадорка дека Белград го почитувал бриселскиот договор, но дека Приштина не сакала да го стори тоа.

По средбата со кинескиот амбасадор, Вучиќ веднаш оствари средба и со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко.

– Го информирав амбасадорот Боцан-Харченко за безбедносната состојба на Косово и Метохија и за проблемите со кои се соочуваат Србите. Ја повторив нашата благодарност за принципиелниот став и поддршката на Руската Федерација за суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја – напиша претседателот на Инстаграм.

Инаку, во недела е закажан голем собир на Србите на северот на Косово и Метохија на кој сите ќе го носат знамето на Србија, а најавени се и протести поради режимот на Аљбин Курти.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО