Преку фејсбук статус д-р Нико Беќаровски им предлага на надлежните да го земат американскиот модел за исплата и во македонското здравство.
„Ајде и нашите плати да ги направиме како функционерските“, вели тој.
Според овој модел, објаснува Беќаровски, бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 долари годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 долари годишно за специјалистите по јавно здравје, до 554.000 долари за пластичните хирурзи.
Ваквата негова реакција доаѓа токму на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето во момент кога и Светската здравствена организација предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем. Од таму пресметале дека до 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот.