6.8 C
Skopje
сабота, април 15, 2023

Цените на нафтата се задржаа над 86 долари

ТОП ВЕСТИ

ЦЕНИТЕ на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над нивото од 86 долари, откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) прогнозираше рекордна побарувачка оваа година благодарение на закрепнувањето во Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 46 центи повисока од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 86,57 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 63 центи поскапо, по 82,79 долари.


Трговците денеска беа охрабрени од прогнозата на ИЕА дека побарувачката на нафта ќе порасне за два милиони барели дневно оваа година и ќе достигне рекордни 101,9 милиони барели дневно, најмногу благодарение на закрепнувањето на кинеската потрошувачка по укинувањето на мерките за коронавирус. Нешто повеќе од половина од растот на побарувачката треба да се должи на авионското гориво, додаваат тие.

Доларот ослабе

До крајот на годината, според агенцијата, понудата треба да се намали за 400.000 барели дневно, имајќи го предвид очекуваното зголемување на понудата од независните производители за еден милион барели дневно и намалувањето на понудата од ОПЕК за 1,4 милиони барели дневно.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) процени дека побарувачката може да се намали во текот на летото доколку зголемените каматни стапки во САД ја нарушат вообичаената летна сезона на возење, а рафинериите во Кина не ја зголемат набавката на нафта.

Цените денеска беа поддржани и од послаб долар по извештајот на Министерството за труд кој покажува значително забавување на инфлацијата во САД во март, поттикнувајќи ги надежите дека централната банка би можела да го прекине циклусот на каматните стапки.

Послабиот долар ја зголемува побарувачката за нафта бидејќи ја зајакнува куповната моќ на купувачите со други валути. ОПЕК одделно објави дека вчера цената на барел кошничка нафта на нејзините членки паднала за 1,13 долари, на 87,77 долари.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО