Поглед:
32
Неодамна на социјалните мрежи се појави реакција на Петар Богојески, лидер на МК, на тврдењата на Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО НП, за двослоен идентитет кај Македонците.
Богојески во реакцијата пишува дека уште на 21.10.2020 година објаснал како стои работата, особено за неписмени и самонаречени „познавачи на историјата“ како оној ЉуБчо, кој за сведоштвото на Павел Шатев зборува за некаков си „двослоен идентитет“ кај Македонците, што е класична живковистичко – божидаровска / советска / пропаганда против нас Македонците.
Разбирливо е тоа за човек од власта и од црна листа на САД, дел од руската антимакедонска пропаганда во земјава! – истакнува Богојески.
Богојески ја сподели анализата на сведоштвото на Шатев, која наведува:
Во книгата „Македония под робство“ Павел Шатев говори за борци – затворници в Солун после 1903 г., кои изјавиле „аз съм българин, но много по-важно е, че съм македонец“. (јас сум бугарин, но многу поважно е тоа што сум Македонец).
Според Богојески, Шатев сведочи за фактот што сите затвореници биле припадници на црквата на Ехзархијата и со тоа дел од „бугарите“ како негрци или егзархисти – конфесиска / верска припадност, согласно турскиот милет систем. Но сите еден по еден, лично и недвосмислено истакнале „но ние господин Шатев пред се сме Македонци“!
Тоа е тој етнички, македонски народносен идентитет кој си постоел, постои и ќе постои додека светот светува и веков векува! Амин! – пишува Богојески.
„Тоа е најдобар доказ на моето тврдење дека идентитетот бугарин е општ, широк, религиозна идентификација, а Македонец е “нашинец”, наш засебен етнички идентитет, кој секогаш го имале во себе нашите прадедовци!“
“Самият Васил Кънчов в друга своя книга казва, че българското и влашкото население в Македония наричат себе си Македонци и другите ги наричат македонци.”
„Доказ плус дека најпознатиот историски извор на кој се темели бугарската историографија, авторот Васил К’нчов, признава дека нашите прадедовци се самоопределувале како Македонци, а така ги нарекувале и другите народи, околу нив!“
“Показателно е, че дори и пробългарската десница в Македония издава в. „Независима Македония” през IX.1944 г. едновременно на български език и на македонски говори.”
Ако македонскиот и бугарскиот јазик биле едно исто, тогаш зошто следбениците на ВМРО кои за време на ВСВ се сметале за пробугарски ориентирани, издавале весник на двата јазици, засебно?!? Дополнително зошто весникот не е “Обединена Бугарија” туку “Независима Македонија”!?! – прашува Богојески.
Што е тука нејасно?!? Каде е тука проблемот?!? Решението ни е пред очи, само кој сака да го види!?!
На одредени политичари од Бугарија и од Македонија не им одговара решение, туку отворен проблем, зашто без проблемот тие ќе останат без кариери! Време е бугарскиот и македонскиот народ да им кажат “Доста беше” на таквите политичари!
Македонски Концепт го имаме решението, но бандитите од двете држави не дозволуваат да се официјализира и засекогаш да се закопаат секирите помеѓу Македонија и Бугарија! – заклучува Богојески.