Поглед:
2.283
Бугарија е во паника по последните потези на Русија кон бугарските власти, особено фактот што остануваат без борбени авиони од САД, а часовите на летање на руските МИГови им поминуваат, а нема каде да се сервисираат.
До помош од страна на САД за заштита на воздухот и просторот би дошло, доколку новите ловци Ф-16 Блок 70 не пристигнат по истекот на часовите на летот на МиГ-29, соопшти министерот за одбрана на Бугарија на полигонот „Цранча“.
Бугарија зема учество во меѓународни вежби на НАТО, што се спроведуваа истовремено во неколку држави, но со старите советски авиони. САД сеуште не им испорачува Ф16 од причини на немање доверба во бугарските воени авторитети, кои се руски измеќари.
Во исто време, со нив мајтап си тера и им дава многу висока оценка за покажаното на вежбите, амбасадорот на САД во Бугарија, Херо Мустафа.
Драгомир Заков соопшти, дека на состаноците во Пентагон го поставил прашањето за потребата од ловци, кои ќе ја спроведуваат заштитата на бугарскиот воздушен простор по истекот на пловидбеноста на МиГ-овите, додека да пристигнат новите Ф-16.
САД последно ги известиле дека без разлика дали ќе бидат Ф-16, или ќе бидат други авиони, и колкав ќе биде нивниот број и од каде ќе се, сепак ќе има нешто и за Бугарија, како дел од разговорите меѓу Софија и Вашингтон.
Тоа значи дека Бугарија може да добие и други авиони, на пример полски МИГови, а ќе остане да ги сонува американските Ф16.