2.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

БУГАРИЈА е виновна за МАКЕДОНСКАТА навивачка РЕАКЦИЈА, смета Богојески

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
21


Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески силно ја осудува бугарската акција против Македонија, што предизвикува македонска реакција, која ја смета за оправдана.

Тој на неговата официјална фан страна објави:

„НАВИВАЧИ на МК – БГ фудбал

Вчера имав можност лично да присуствувам на трибините на Националната Арена Тодор Проески и да бидам дел од таа величенствена атмосфера со величенствени Македонки и Македонци!

Прекрасно беше, прекрасно се бодреше нашата национална Фудбалска Репрезентација на Македонија… можеме уште подобро и појако во иднина!

Ги осудувам сите политикански и предавнички осуди од разни имеќари на зајковизмот и болшевички елементи од Бугарија, кои остануваат слепи на бугарскиот говор на омраза кон Македонија, а трн во око им е македонскиот отпор!

Бугарските навивачи, присутни на трибините, довикуваа недолични коментари и навреди кон македонските навивачи, со што предизвикаа бурни реакции во неколку наврати!

Вината за било каква македонска реакција ја гледам во гнасната бугарска акција за рушење на македонската државност со години наназад!

Во оној момент кога ќе престанат бугарските напади кон Македонија, ќе престане и македонскиот отпор!

Напред Македонци!

Само офанзивно, без наведната глава!!!

ТУКА СМЕ ЗА ОТПОРОТ!“ – напиша Богојески

Тој додаде да престанат таму во Бугарија да ги лажат луѓето дека било кога бугарската химна “Шуми Марица” била македонска или бугарската тробојка!

Нити биле, ниту ќе бидат! – смета Богојески

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО