Поглед:
2
Криминалната Влада на СДСМ и ДУИ изготвила пеколен план за дополнително полнење на администрацијата со „кадри“ на ДУИ, според методологија која сам си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, па си испланирале во државните институции да се вработуваат 31,54 отсто Албанци.
Иако според бројките од последниот попис, во однос на процентот на граѓаните резиденти во земјата, 58,44 отсто се изјасниле како Македонци (во бројка 1.073.299, а дополнителни 7% одбиле да се изјаснат, а се административно попишани Македонци од вкупно 65,44%), 24,3 отсто Албанци (446.245), 3,86 отсто Турци (70.961), 2,53 отсто Роми (46.433), 1,3 отсто Срби (23.847), 0,87 Бошњаци (16.047) и 0,47 Власи (8.714).
Албанците се 24,3 отсто од резидентното население, а бројот на вработени во администрацијата веќе премина 30%. До бројката од 31,54 отсто за вработување, изгубениот министер си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани Македонци како Албанци. Алити е шупелка министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.
Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија.
„Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот.
Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески веќе неколку години предупредува дека не се почитуваат овие законски одредби и дека бројот на вработени етнички Албанци во администрацијата преминува 30%, а како компарација, бројот на етнички Македонци во судството е околу 17%, далеку помалку од Албанците или друг етнички заедници од земјава.
Од тука, Богојески го поставува прашањето, дали согласно резултатите од новиот попис на населението, ќе започнеме со испуштање на околу 7% етнички Албанци од администрацијата?
„Доколку буквално ги спроведуваме одредбите на овие рамковни закони, тогаш мораме да извршиме испуштање на Албанците од администрацијата, која е пренатрупана со етнички вработувања. Но, Македонски Концепт нуди подобро решение од тоа да тргуваме со судбината на било кој граѓанин, без разлика на која етничка група припаѓа.
Ние преку моделот на јавно претприемништво, нудиме намалување на администрацијата за 50%, при тоа ниту еден вработен да не остане без работа. Напротив, секој ќе биде горд на себе и на својата служба кон државата и народот и со задоволство ќе ја прима платата, како одработена и професионално заслужена, а не подарена од некоја партија.
Без разлика дали тоа се етнички Македонци или Албанци или било која друга заедница, во иднина ќе градиме администрација на професионалци, без воопшто да се зема во поредвид етничка припадност. Единствен критеруим ќе биде професионален кредибилитет и индивидуален интегритет на личноста. Толку! Без било какви етнички клучеви и квоти.
Македонски Концепт не е концепт на етнички пазари, туку на чиста граѓанска Република. Иако во моментов има превработеност на етнички Албанци во администрацијата, а согласно закон и резултати од последен попис, дел од нив треба да се отпуштаат од работа, ние преку темелната реформа на целосен рестарт на администрацијата, ќе ги регулираме работите на начин да не биде загрозена егзистенцијата на ниту еден граѓанин.“ – објаснува Богојески.