12.8 C
Skopje
понеделник, април 3, 2023

Блок 1 од РЕК Битола од утрово не работи

ТОП ВЕСТИ

реклама


Утрово Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот.

Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа.

реклама

Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа.

Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела.

реклама

За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема.

реклама

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО