16.8 C
Skopje
четврток, април 20, 2023

БЕСПЛАТНА СТРУЈА ЗА СИТЕ СЕМЕЈСТВА

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
25


Политичката партија Македонски Концепт започна со промовирање на РЕШЕНИЈА од Програмата „Рестарт ЗА Македонија“, а преку известување за одржана прва пресконференција од 20.04.2023 година го објави проектот „БЕСПЛАТНА СТРУЈА ЗА СИТЕ СЕМЕЈСТВА“.

Презентираше Татјана Трајковска, дипломиран економист и специјалист за јавни финасии и банкарско работење, директор на Центарот за истражувања и анализи на Македонски Концепт.

Име на проектот е БЕСПЛАТНА СТРУЈА ЗА СИТЕ СЕМЕЈСТВА, а цел на проектот е намалување на сиромаштијата во Македонија и владеење на правото – кој троши, тој плаќа.

Според Македонски Концепт, Република Македонија ќе обезбеди бесплатна струја за сите семејства, во рамки на просечната потрошувачка од последните три години. Во земјава има 788.000 стујомери на семејна тарифа од кои се наплатуваат помалку од 250 милиони евра или просек по 26 евра месечно по броило, вклучително и загуби во пренос односно наплата на украдена струја од граѓаните кои редовно плаќаат сметки.

Од партијата известуваат:

„Согласно статистичките податоци од Попис 2021 година, во Македонија има 598.632 семејства, од кои дел редовно плаќаат сметки, просечно по 1.625,00 денари на месец, а дел не плаќаат или крадат струја.

Преку овој проект, се брише ставката „загуби во пренос“, со што просечниот месечен износ за струја на секое семејство се намалува за 30% до 50%. Останатиот износ од просечни 1.200,00 денари, кој реално треба да го плати секое семејство, ќе го плаќа државата.

Секое семејство кое користи струја во рамки на просекот, ќе добива целосно бесплатна струја. Останатите, кои трошат повеќе, ќе го плаќаат износот над просечната потрошувачка. Тие кои трошат помалку од просек, неискористените средства ќе ги добиваат како државна исплата на нивна трансакциска сметка, најдоцна до 15 февруари за предходната година.

Начин на реализација: Со почеток на проектот „Бесплатна струја за сите семејства“, секое семејство кое сака да користи бесплатна струја ќе треба да ја плати последната сметка за струја, преку редовниот систем на ЕВН Хоме за наплата на потрошувачите на електрична енергија. Тие кои нема да платат редовна сметка, нема да влезат во овој проект. Со тоа ќе се постигне 100% редовна наплата од сите граѓани и целосна даночна наплата по тој основ. Следната сметка ќе биде во реален износ на потрошена електрична енергија, без „загуби во пренос“, и намалена за 1.200,оо денари, државна поддршка.

Пр. Едно семејство плаќало просечно по 2.000,оо денари стрија месечно. Од нив, 800,оо денари се „загуби во пренос“ или плаќање за крадена струја од други семејства и 1.200,оо реално потрошена струја. Следната сметка, согласно овој проект ќе биде 0,оо денари, со оглед на тоа што веќе ќе нема потреба да се плаќаат тие 800,оо денари крадена струја и останатите 1.200,оо денари ќе ги плати државата за вас.

Реализацијата на проектот ќе биде целосно преку редовниот систем за наплата на ЕВН Хоме, без никакви дополнителни административни потешкотии за граѓаните. Сите правни и процедурални прашање, меѓусебно ќе ги регулираат државата и компанијата – дистрибутер.

Правилото е, едно семејство – една сметка. Сите сметки на дупли станови и куќи, вили и викендици, не се дел од овој проект. Ќе се признаваат правата од проекот за семејства кои користат станбена површина под кирија, со што ќе се евидентираат буквално сите издадени под закуп станбени површини, а со тоа и целосна 100% реализација на даночните обврски по тој основ.

Доколку се констатира злоупотреба во таа област, т.н. раслојување на семејставата со цел користење на повеќе броила, истото ќе биде третирано согласно Кривичниот законик – измама и ќе биде строго казнувано.

Ќе се воспостави посебен „Регистар на семејства“ во рамки на ЦРМ, преку преземање на базата на податоци од Завод за статистика и задолжително евидентирање на нови семејства во иднина, со што и самите пописни процедури ќе станат редовна состојба во земјава.

Рок за реализација: септември 2024 година – веднаш по влегување на Македонски Концепт (МК) во Парламент и составување на Влада со наша поддршка.

Планирани се две фази: Прва фаза само за семјства, втора фаза за мали семејни бизниси и трговци поединци, редовни плаќачи на сите обврски кон државата.

Буџетирање: 139 милиони евра годишно од Буџет на РМ, обезбедени од зголемена даночна наплата од сметки за струја, закуп на станбен простор, намалена корупција и легализација на сива економија.

Очекувани ефекти: Проектот „Бесплатна струја за сите семејства“ има повеќекратни ефекти, како:

  • Зголемена наплата на струја од 60% на 100% од сите семејства, кој редовно ќе плаќа, тој ќе користи бесплатна струја;
  • Заштеда на електрична енергија, кој помалку троши струја, тој ќе добива пари на сметка за друга намена;
  • Зголемена граѓанска одговорност, секој ќе сака да контролира дали компанијата ЕВН Хоме реално фактурира и прави редовна контрола на броила, со што сам себе и своите сограѓани ќе ги заштити;
  • Зголемена одговорност на компанијата – дистрибутер кон државата и граѓаните, за секоја злоупотреба и несовесно работење, жестоко ќе се казнува топ менаџментот;
  • Зголемени даночни приходи од редовна наплата на сметки и евиденција на сите договори за закуп, а во втора фаза и на сите обрски од мали семејни компании и трговци поединци;
  • Попис на население / семејства во реално време, секој сам ќе се евидентира во „Регистерот на семејства“ со цел да користи привилегии од државата;
  • Подобрена законска регулатива, каде административните обрски на граѓаните ќе се минимализираат, а сите управни и друг вид на постапки ќе бидат обврска на државата и компанијата – дистрибутер;
  • Општествена солидарност, секое семејство кое нема струја во својот дом, ќе биде приклучено од страна на компанијата – дистрибутер по законско задолжување и тоа ќе влезе во рамки на овој проект;
  • Од партијата најавуваат граѓански трибини низ цела Македонија, кои ќе следат во иднина, а преку кои граѓаните поблиску ќе ги запознаат со деталите од проектот БЕСПЛАТНА СТРУЈА ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО и други од Програмата „Рестарт ЗА Македонија“.

    Добивај вести на Telegram

    Добивај вести на Telegram

    ПРОЧИТАЈ

    ПОСЛЕДНО