-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

БЕРЛУСКОНИ и ПУТИН пак се зближија! Старите другари си разменуваат подароци, Путин му испратил ВОТКА за роденденот!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
16


За роденденот кој Берлускони го славеше на 29 септември и наполни 86 години, Владимир Путин му испратил 20 шишиња вотка и веќе е познато, во екот на војната со Украина, двајцата стари мачо другари пак ги изгланцаа добрите односи, докажувајќи дека еден без друг не можат.

Берлускони наполни 86 години на 29 септември, четири дена откако коалицијата, вклучувајќи ја неговата партија Форца Италија, победи на парламентарните избори.

Трикратниот поранешен премиер на Италија, стар пријател на Путин, се пофалил на состанокот на парламентарците на Форца Италија во Рим во вторникот дека пратката со вотка од Путин пристигнала!

Од Форца Италија негираа дека дал такви коментари, но аудио снимката објавена од новинската агенција Ла Прес сугерира поинаку.

Во аудио снимката објавена од La Presse, Берлускони вели дека му возвратил на гестот на Путин испраќајќи му шишиња луксузно вино Ламбруско.

Берлускони јавно ја осуди војната, но само неколку дена пред изборите, во една италијанска ТВ емисија изјави дека рускиот народ и министрите кои сакале администрацијата на Влодимир Зеленски да биде заменета со „пристојни луѓе“, го притиснале Путин да ја нападне Украина.“

Инаку Берлускони го смета Путин за разумен и мирен човек, како што самиот неодамна изјави.

 

 

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО