9.8 C
Skopje
вторник, април 11, 2023

Бектеши: Груби донесе неколку одлуки за доброто на граѓаните и фирмите, за прв пат средствата се поделени еднакво

ТОП ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, покрај лидерот на ДУИ Али Ахмети беше на средба со сопартијците од општина Гостивар, каде истакна неколку достигнувања на првиот вицепремиер Артан Груби.


„Ќе спомнам некои достигнувања и потоа ќе разговараме заедно. Заедно со првиот меѓу нас, г. Груби донесе неколку одлуки за доброто на граѓаните и фирмите. Средствата за прв пат се поделени подеднакво, штом во минатото имаше дискриминација, на оние региони кои беа маргинализирани сега дополнително ќе им се помага. Закон за финансиска поддршка и активни мерки за самовработување. Значителен дел од граѓаните се вработуваат во приватниот сектор. Ако во 2017 година минималната плата на државно ниво беше 14 илјади денари, минималната плата после овој месец ќе биде 21,22 илјади денари, просечната плата беше 23 илјади и сега ќе биде 30 илјади. Ќе отвориме конкурси за минерали за неметални и метални земји бидејќи имаме многу експерти, ќе ги отвориме за нивно вработување“, рече Бектеши.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО