Поглед:
50
Претседателот на САД, Џо Бајден, им кажал на сојузниците дека ракетата што уби две лица во Полска е на украинската противвоздушна одбрана, објави Ројтерс, повикувајќи се на неидентификуван извор од НАТО. Претходно, Бајден јавно кажа дека малку е веројатно проектиолот да бил истрелан од страна на Русија.
Во почетните извештаи за овој инцидент, се тврдеше дека станува збор за крстаречка ракета од типот Х-101. Со такви ракети Русија вчера нападна објекти на енергетскиот сектор на Украина.
Подоцна се објавија шпекулации дека можеби станува збор за ракети од противвозудшниот полк на украинското воено воздухопловтсво од Лавовската област, кој е вооружен со системите С-300. Според овие наводи, можеби станува збор и за ненамерен инцидент, бидејќи станува збор за складирани ракети од руско производство со постар датум, кои се непрецизни.
Министерството за одбрана на Русија издаде соопштение во кое остро негира каква било вмешаност во експлозијата во Полска, во која загинаа две лица.
„Фотографиите од остатоците пронајдени во градот Пжеводов, кои циркулирани синоќа во Полска, беа недвосмислено идентификувани од руските воени специјалисти како елементи на противвоздушната наведувана ракета С-300 на украинската армија”, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
Министерството денеска соопшти дека вчерашните руски ракетни напади врз Украина биле насочени кон цели лоцирани на најмалку 35 километри од полската граница.
После изјавите на Бајден, експертите очекуваат деескалација на кризата во врска со наводниот и веројатно лажен руски ракетен напад врз Полска. Путин и Бајден се договорија, само на Зеленски уште не му кажале вистината, изјавуваат аналитичарите.
Во меѓувреме САД го предупредија Зеленски да внимава што зборува кога дава изјави за нападот на Русија врз НАТО, бидејќи тоа не е игра и не може да помине со тврдење дека украинските техничари и извештаи информирале дека не се тие учесници во лансирање на ракетите.