-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

АНАЛИТИЧАРОТ на Заев сеел магла, МАКСО не бил човекот на Бранко

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
11


Аналитичарот Ненад Јовановиќ умешно манипулираше на темата Движењето на Максим Димитриевски, особено после излагањето на Бранко Црвенковски на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори.

Тој во тие моменти, како душегрижник за интересите на Заев, повеќекратно ги спои „енергиите“ на Бранко Црвенковски, Христијан Мицкоски и Максим Димитривски, сакајќи на разочараните членови на СДСМ да им го посочи Максо како одличен избор и човек од доверба на Бранко Црвенковски.

Заевиот извршител Јовановиќ намерно продуцираше „кавга“ со Бранко, кој започна да „формира фракција“ во СДСМ.

„Се јави Бранко, после сите битки, да констатира дека договорот со Бугарија бил лош“, пишува во една од објавите на Фејсбук, Јовановиќ.

„Класичен слипер, опортун и медиокритетен. Што не го реши Бранко прашањето со Бугарија, имаше кога, башка му дадовме и купишта функции да решава сè. „Не чини ништо”, вели Бранко, очигледно жив и преку ден.

И така упорно се препотуваше заевиот аналитичар да не убеди дека Бранко го измислил Максо, со цел да наштетат на Зоки. А вистината да ти била сосема друга.

СДСМ соочени со падот на својот рејтинг, особено со губење на поддршката кај своите членови, под вредната палка на Заев измислуваат душегрижник како Максо, кој е наводно против заевизмот, близок на Бранко, тој ќе ја среди работата, за да сите разочарани од власта ги соберат повторно во торбата на Заев, само сега со етикета со ликот и делото на Максо.

Така сите разочарани од Заев, остануваат повторно на располагање на заевизмот, само преку кумановското дуо Максо и Таче.

Тие како двајца најблиски соработници и партиски другарчиња уште од младинската СДММ од ист град Куманово, режираат судир како сите задоволни од Заев останат кај неговиот кадар Таче, а сите незадоволни од Заев преминат кај демек непријателот Максо, а всушност сите остануваат во торбата на Зоки.

Опасен овој струмичанецот!

За акцијата да биде поверодостојна и да добие „хепи енд“, повторно го вклучуваат загарчето Јовановиќ да лае, цитираме:

„Мицкоски од денес си има старо-нов сојузник. Бранко е тука за да ги фрла луѓето во очај, а Мицкоски да ги вади на протест. Предвидливи се како слонови.“

„Сè ќе направат само политиките на Заев, а денес и на Ковачевски, да ги релативизираат и направат ништовни. Нема да им пројде. Без разлика што рекле, негирале и поплукале. Јок, море!“, напиша Јовановиќ.

Со ова се креира мнение дека Максо е извесна коалција на Мицкоски, идна власт, како полесно би го факторизирале и поставиле во улогата на лепак за разочарани од Зоки.

Кум на сето тоа е нели папата Бранко, на кој му личат вакви византиски игри, тој е координатор и идеен татко на таа коалиција Мицко – Максо, и се е решено.

Дали овој народ е толку наивен и повторно ќе му помине пресметната на Зоки, останува да видиме на следните избори.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО