-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Алијанса за Албанците го помести вонредниот конгрес за 24 декември

ТОП ВЕСТИ

Вонредниот конгрес за избор на нов претседател што го подготвува Алијанса за Албанците наместо првично предвиденото на 17 декември ќе се одржи една недела подоцна на 24 истиот месец. Причината е од технички карактер, поради зафатеност на објектот каде што беше предвидено одржувањето.


-Поради технички причини е промената, Домот за култура беше зафатен на 17 декември. Одлучивме Конгресот да го одржиме во Тетово, многу ни значи тоа. И го одложивме за една недела и ќе се одржи на 24 декември во Домот на култура во Тетово во 12 часот, рече в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Досегашниот потпретседател и вршител на должноста претседател Арбен Таравари е единствен кандидат за претседател на Алијанса за Албанците. На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО