-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

АЛБАНСКА, а не граѓанска власт во Македонија е резултатот на зајковци

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
3


Лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески на социјалните мрежи реагираше поради најавената реконструкција на македонската влада, со која се создава албанска, а не граѓанска власт во Македонија.

Во текстот под наслов „АЛБАНСКА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА!“, Богојески дава забелешка и решение за настанатата состојба во која Македонија буквално добива влада која се договара во Тирана, а не во Скопје.

Според него, СУВЕРЕНИТЕТОТ на Македонија одамна е напуштен! „Да не потсетувам, премногу ќе го боли нашиот народ! Подобро му е вака заспан, побрзо заборава!“ – запиша Богојески.

Овој чекор практично означува албанска власт во Македонија, со учество на македонски измеќари во истата! За кратко секако и премиерот и мнозинството министри и заменици и директори и шефови… ќе бидат етнички Албанци со само 25 пратеници!

Затоа пак измеќарите зајковци ќе се радуваат на честа да измеќаруваат, а не да управуваат со Татковината! Само вината не е кај нив! Вината е кај онаа масата непрокопсана, што оди по трибини и им аплаудира! Се додека има таква проста раја, ќе има и паши и бегови! А Македонија е докажана во простотилакот! – смета Богојески

За мене и мојата партија, не е проблем етничката припадност на функционерите, доколку истата не е клучот за добивање на државни позиции!

Доколку имаме граѓанско општество, доколку имаме граѓански, а не етнички партии, доколку некој стане премиер поради квалитет на личноста, а не поради етнички шовинистички пазари, тогаш одиме во прав правец!

Сега, во услови на етно шовинистички партии, со етнички агенди, со политички пазари за криминал и корупција, со мешање на соседите во внатрешните работи на Македонија, ние знаете кога ќе бидеме членка на ЕУ! НИКОГАШ!

Со измеќари како зајковци, ние ЕУ само ќе ја сонуваме!!! – напиша Богојески

Ова се крајни антиЕУ процеси!

Време е за вистински проЕУ блок во земјава, кој ќе ја извади на прав пат! – предлага лидерот на партијата Македонски Концепт.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО