Акциски контроли во сообраќајот беа спроведени во текот на вчерашниот ден во Скопје и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за не користење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, наведуваат од МВР.
Во периодот од 14 до 20 часот, на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
– Притоа, санкционирани се 98 возачи. Од нив, 73 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, нагласуваат од МВР.