-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

АХМЕТИ: Треба да оди в затвор секој што клевети „Али Ахмети е ајдук, крадел, убивал луѓе“ оти јас не можам по цел ден да велам не е така

ТОП ВЕСТИ

Треба да оди во затвор и оној, што клевети, вели лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети.


Тој со таквата изјавата дека секој што го клевети треба да оди во затвор и треба да биде гонет од јавното обвинителство откри дека ниту тој ниту во партијата има луѓе што го знаат законот за граѓанска одговорност, објави ТВ 21.

Другата опција е дека Ахмети ќе бара повторно да се криминализира навредата и клеветата и новинарите пак да одат во затвор за искажан збор. Иако законот сега предвидува парични казни и извинувања Ахмети сега бара затвор за истите дела.

– Да бидат опфатени сите политичари, функционери и претседатели на општини. Бидејќи, не може да му текнува секому да формира политичка партија и да вели: ‘Али Ахмети е ајдук, тој крадел, тој е криминалец, убивал луѓе.’ Јас не можам да велам по цел ден дека не сум го направил тоа, вели лидерот на ДУИ.

Тој смета дека треба да се повика на информативен разговор во јавното обвинителство и оној, што клевети.

– Треба да оди во затвор и оној, што клевети. Бидејќи и внатре во една партија се води борба, и во нашата партија се води борба, да му се одземе местото на другиот.“ – рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во гостиварското село Врапчиште, објави ТВ21.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО