-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Агенција за безбедност суспендираше двајца вработени поради скандалот со Онишченко

ТОП ВЕСТИ

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко објави „Фокус“.


Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.


Во исчекување директорот да реферира и на затворена владина седница, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека повеќе институции дале зелено светло за државјанството на прорускиот украински бизнисмен, но, како што додаде, по новонастаната ситуација ќе побараат дополнителни информации.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, оцени дека се работи за скандал, бидејќи, според него, податокот дека Онишченко се наоѓа на црната листа на САД не треба специјално да се обезбедува, бидејќи се работи за јавно објавена информација.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО