-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ го честиташе Денот на сиромаштијата на три македонски партии

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
8


Политичката партија Македонски Концепт или МК достави соопштение до јавноста по повод Светскиот ден за искоренување на сиромаштијата.

Почитувани,

По повод 17 октомври – Светскиот ден за искоренување на сиромаштијата, сакаме да им честитаме на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за постигнатиот особен придонес во осиромашувањето на македонските граѓани.

Имено горенаведените политички партии, со своите влади во изминативе триесетина години, успеаја да доведат над 450.000 наши сограѓани под прагот на сиромаштијата, а државава да ја сместат на листата на петте најсиромашни држави во Европа.*

Оттука ним и на нивните сателит-партии, како и поддржувачи им го честитаме денешниот ден, признаен од Организацијата на Обединетите нации со надеж дека еднаш засекогаш ќе нѐ остават на мир заедно да одлучуваме за нашите судбини, сплотени во еден, македонски концепт за рестарт на општеството и економски развој.

Со почит,

Тим за комуникации

Македонски концепт

*Извор: Завод за статистика и Светска банка

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО