-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Со засадување на 13 дрвја одбележана 13-годишнината од дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Косово

ТОП ВЕСТИ


Со засадување на 13 дрвја денеска во паркот на Чаир беше одбележана 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.


Бујар Османи, министер за надворешни работи, истакна дека овие 13, како што ги оцени, плодни години ги карактеризираат 53 меѓудржавни договори, интензивна политичка комуникација на високо ниво, добра комуникација меѓу бизнисите и добра комуникација и блискост помеѓу луѓето од двете страни од границата.

Според Османи, забележуваме позитивен тренд на трговска размена со Република Косово, иако, како што рече, суфицитот е на наша страна.

– За нас, Косово е најдобриот пазар за експорт, меѓутоа битно е дека трендовите покажуваат пораст во волуменот на трговска размена. Само оваа година имаме некаде до 45 проценти пораст на трговската размена. Република Северна Македонија продолжува со поддршката на Република Косово во етаблирање во меѓународната заедница, затоа пред некој ден повикавме за без одложување одлука за либерализација на визниот режим со Република Косово. Даваме и проактивна поддршка за членството на Република Косово во Советот на Европа и во другите меѓународни организации. Како членка на НАТО имаме посебна одговорност овде во регионот, но и да ја промовираме стабилноста во регионот и од тука го поддржуваме и дијалогот помеѓу Косово и Србија, со надеж дека ќе се најде сеопфатно решение кое што се засновува на принципот на меѓусебно признавање меѓу двете држави со цел сите шест држави од Западен Балкан да продолжат на патот кон членство во Европската унија и во НАТО. Инфраструктурното поврзување е особено важно, рече тој.

Амбасадорот на Република Косово во земјава, Флоријан Ќехаја исткна дека во текот на овие 13 години соработката меѓу двете држави била на одлично ниво и посочи дека таа треба и натаму да се зацврстува. На економски план, рече тој, од перспектива на Косово, лани имаше трговски пораст на извозот за 100 проценти.

И од политички аспект, потенција Ќехаја, имаме одлична соработка со Скопје и со сите политички чинители и се надеваме дека нашата врска ќе продолжи да напредува, особено инфраструктурното поврзување. – Се надеваме дека ќе биде завршен што е можно поскоро и преостанатиот дел од автопатот Блаце – Скопје. Сметаме дека во наредните месеци има простор да се постигне договор за заедничкиот граничен премин „One Stop Shop“ во Блаце и другите гранични премини, бидејќи тоа многу помага во комуникацијата меѓу народите и државите и ќе работиме интензивно што е можно поскоро да го релизираме, рече Ќехаја.

Османи рече дека „Опен Балкан“ дава едно чувство на сопственост во која не очекувате некој да ве повика за да состанете. Посочи дека  нас во регионот не созрева некогаш да соработуваме и сами на своја иницијатива, создава култура на соработка во регионот.

– Идната недела патувам за Берлин каде што ќе се одржува Министерскиот состанок на Берлински процес и очекувам и се надевам дека ќе се потпишат четирите важни договори по однос на создавањето на заедничкиот регионален пазар. Берлинскиот процес е чадор регионална иницијатива, инклузивна. „Опен Балкан“ е една од седумдесетте иницијативи во регионот кои што имаат иста цел, а тоа е либерализирање на движењето на луѓе, капитал, услуги, создавање на заеднички регионален пазар. „Опен Балкан“ дава едно чувство на сопственост во која не очекувате некој да ве повика за да состанете. Не созрева нас во регионот некогаш да соработуваме и сами на своја иницијатива, создава култура на соработка во регионот, рече тој.

Османи изјави дека проблемот на „Опен Балкан“ во моментот е што не учествуваат сите шест земји и смета дека се легитимни ставовите на трите земји кои што не учествуваат.

– Наша обврска како членки на Опен Балкан е да се обидеме да ги убедиме, но пред се преку резултати да покажеме дека сме додадена вредност, а ако не покажеме резултати зошто било кој би се приклучил. Ние, Северна Македонија, нема да дозволи било кој да биде оштетен во таа иницијатива. Доколку сметаме дека во таа иницијатива ќе се наштети на било кој, еве на република Косово поради нивните погледи кон иницијативата, ние не би учествувале во таа иницијатива. Ние ќе бидеме гардијани, заштитници на интересите на било која земја во Опен Балчкан. Мислам дека додадената вредност е таа органичност на иницијативата, тоа чувство дека мора сами нешто да направите, а не да ве бараат од некаде за да се состанувате. Ако се покаже како додадена вредност и ако покажеме резултати – се разбира ќе ни се приклучат. Ако нема резултати и ако се покаже штета и ние нема да учествуваме, рече Османи.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО