-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Ковачевски: Имаме прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани

ТОП ВЕСТИ

Со отворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница сметам дека се повредуваат прво чувствата на македонските граѓани и на ниеден начин не влијаат на подобрување на односите со соседни држави, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.


-Oтворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница каде што од една многубројна заедница пред Втората светска војна заради Холокаустот е останата на само неколку претставници, односно потомци на тие коишто успеале да се спасат. Затоа сметам дека оние коишто ставаат такви имиња, а тоа се граѓани на нашата држава, кои ставаат такви називи на своите здруженија ги повредуваат прво чувствата на македонските граѓани и на ниеден начин не влијаат на подобрување на односите со соседни држави, рече Ковачевски во врска со вчерашната информација дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола.

Како второ, како што потенцира премиерот, сметам дека ние имаме прелиберално законодавство во делот на организирањето на невладини организации или здруженија на граѓани и организации и затоа, како што посочи, веќе му дадовме наредба на Министерството за правда да подготви нов закон.

– Јас им сугерирав да го земат германското законодавство како основа при формулирањето, но исто така веќе има и предлог за промени во Законот којшто е поднесен од група пратеници. Ги поттикнувам пратениците од СДСМ да учествуваат во расправата на Комисијата, исто така, таму да присуствува и Министесртвото за правда, но да биде повикани и претставниците на Еврејската заедница во државата со цел да дојдеме, нормално претставници и на Европската делегација бидејќи го усогласуваме нашето законодавство со ЕУ во секој поглед и да се дојде до решение кое што ќе оневозможи да се формираат организации коишто ќе ги нарушуваат чувствата на нашите граѓани и истовремено ќе ги нарушуваат односите со соседни држави, изјави Ковачевски.

Премиерот истакна дека пропишани  се согласно Закон и роковите и се знае точно се знае кои институции што треба да направатр во тие рокови.

– Тоа што треба да го направи Министерството за правда, рокот којшто е пропишан треба да го направи, тоа што треба да го направи здружението или која била организација или компанија во државата доколку има прекршено некој закон треба да го направи во определениот рок, а доколку некој нешто не направи тогаш во државата постојат институции коишто се задолжени за да го следат и да го санкционираат непостапувањето и непримената на закони на територијата на нашата држава. Владата не може да биде, ниту обвинителство, ниту судство. За тоа постојат институции, рече Ковачевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО